На Табановце пречек на ракометарите
Ракометaрите на репрезентацијата на Македонија, кои освоија петто место на Европското првенство во Србија и со тоа обезбедија учество во квалификациите за Олимписките игри во Лондон, утре во 13 часот ќе пристигнат на граничниот премин Табановце.
Спасени завеани учители во Брест и Малино
Со хеликоптер на АРМ напладне се евакуирани наставници од училиштата во липковските селата Брест и Малино.
Куманово доби 50 нови контејнери
Јавното претпријатие "Чистота и Зеленило" набави 50 контејнери за собирање на смет кои ќе бидат поставени пред новоизградените згради, како и на локации на кои се оштетени старите.
На соседот со шипка му скршил рака
Џ.Ф.(46) од липковското село Отља се скарал со својот сосед по што му скршил рака.
Подобра бизнис клима за микро и малите претпријатија
Бизнисмените од Куманово денеска на министерот Иво Ивановски му се пожалија дека најголем проблем во работењето им претставува нелојалната конкуренција, високиот данок на имот, наплата на побарувања, ликвидноста и неизедначеноста на компаниите со останатите субјекти во државата при регулирањето на имотните листови.
СНП реагира на посетата на министерот Ивановски
Општинската организација на Српска Напредна Партија во Куманово, најостро протестира по повод активностите на министерот Ивo Ивановски, и смета дека тие се насочени кон омаловажување на српскиот национален празник во Република Македонија „Свети Сава„.
Меѓународен конкурс за есеј на „Корени„
Редакцијата на списанието “Корени” по седми пат го распишува традиционалниот меѓународен конкурс посветен на есејот на тема:“ Рака кон другиот“.
Светосавска академија за Денот на Србите
Српската Заедница во Македонија регионална организација Куманово синоќа во Народниот театар, организираше Свечена Светосавска академија.
Македонија обезбеди Олимписки квалификации
Ракометарите на Македонија издвојуваа победа над репрезентацијата на Словенија со резултат 28:27. Со оваа победа нашата репрезентација обезбеди квалификации за Олимписките игри во Лондон кои ќе се одиграат оваа лето.
Победа против Словенија за Олимпијада
Ракометарите на Македонија денеска во 15:15 го играат последниот натпревар на Европското првенство во Србија. Со победа над Словенија нашите ракометари ќе завршат на петтото место и ќе обезбедат пласман за кавалификациите за Олимписките игри во Лондон.
Кошаркарите го започнуваат пролетниот дел од сезоната
Кошаркарите на Куманово во сабота во 19ч.го продолжуваат натпреварувањето во првата македонска кошаркарска лига. Во Спортската сала во Куманово пристигнува должникот АБА Струмица, па кумановчани очекуваат позитивен резултат.
Луковиќ центар на КК Куманово
Српскиот интернационалец Урош Луковиќ (22) од Белград е новиот центар на кошаркарскиот клуб Куманово. Луковиќ доаѓа на местото на Немања Јелесиевиќ, кој замина во Работнички.
Пораз на Германија и Данска за пласман на Македонија
Денеска се игра последното коло од првата група во втората фаза на Европското првенство во Србија. Нашите ракометари играат против домаќинот на оваа првенство Србија.
















