Bucen Kozjak
15. 04. 2015 15:03

Кумановецот Даниел Денковски е најдобар млад научник

Кумановецот Даниел Денковски е најдобар млад научник

Даниел Денковски од Куманово, магистер по електротехнички и информатички технологии, е најдобар млад научник за 2014 година.

Признанието за врвни научни достигнувања денеска му го врачи претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов.

Се пријавив по иницијатива на мојата менторка, професорката Лилјана Гавриловска од Електро факултет. Имаше конкурс, аплицирав и ме избраа мене, врз база на мојата научна работа во 2014 година, а тоа се објавени научни трудови во меѓународни списанија за безжични мобилни мрежи. Наградата не беше очекувана, но се испадна добро. Имаше јака конкуренција и ова ќе ме мотивира да продолжам и понатаму со мојата научно-истражувачка работа во Македонија и да се промовирам. Засега сум невработен, и работам само хонорарно на проекти - изјави Денковски за „Кумановоњус“.

Признанието се доделува петта година, за да се поттикне развојот на научната и истражувачката дејност, посебно кај македонскиte научници до 30-годишна возраст.