Она што беше СФРЈ, сега е ЕУ
Дражен Жериќ - Жера и неговата „Црвена Јабука“, по 20 години пауза, минатата недела настапија во Куманово. Љубезен, непосреден и расположен за разговор ги урна предрасудите дека вообразен и недостапен за медиумите. И овој пат се појави во неговиот препознатлив стил - патики „стартки“ и старата фризура, и отворено зборуваше за времето кога поубаво се живееше, поради што жали за распадот на некогашната држава.
Ние апсиме, судот пушта
Началникот на СВР Куманово, Љубомир Ѓурчески во своето прво интервју од доаѓањето на чело на кумановскат полиција, за Кumanovonews отворено зборува за проблемите во секојдевното функционирање на полицијата, а открива и за случајот кога опасен криминалец кој по три месеци бекство се јавил во судот, добил право да се брани од слобода.
Кумановци заслужуваат да живеат во чист и уреден град
Директорот на ЈП „Чистота и Зеленило“ Сашо Петрушевски четири месеци го води претпријатието и веќе се гледаат првите резултати од неговото менаџирање. Започна амбициозна програма за чистење на градот и уредување на зелените површини, а истовремено ја стабилизира и финансиската состојба во претпријатието.
Србите во Македонија не се политички разединети
Србите согласно рамковната конвенција немаат уште информирање на српскиот јазик, а им недостасува и правото на слобода на вероисповест...
Ќе направам концерт и во Спортската сала
За настапот во Новогодишната ноќ, хрватската поп-ѕвезда Северина во Куманово дојде со својот свршеник Славко Шаиновиќ, сопственик на фитнес центар во Ријека. Сексипилната Севе од Куманово ги демантираше хрватските весници кои пишуваа дека со Славко раскинала пред католичкиот Божиќ.
Куманово го очекуваат поубави денови
Во оваа тешка економска криза, благодарение на луѓето кои работа во странство се одржа економската ликвидност на градот. Кај нас не се почувствува многу падот на прометот на недвижнини, изградбата на стамбените објекти...
Куманово е рокерски град
Легендарниот гитарист Влатко Стефановски со неговото Трио одржа незаборавен концерт во Куманово. Покрај неговата музика изненадување на вечерта беше групата "Ритмика" од Велес, кои со тапани и тарабуки го придружуваа мајсторот на гитара. Задоволен од одличниот прием на публиката и доброто расположение, Стефановски вети дека нема долго да чека повторно да дојде во градот.
« Прва ‹ Претходна Следна › Последна »










