Кумановци зборив како Среќко Шојиќ

Српскиот актер Милан Лане Гутовиќ,познат како Среќко Шојиќ од сериите „Бела Лаѓа“ и „Тесна Кожа“,е препознатлив лик по неговите реплики кои постојано се раскажуваат.

И тој вели дека Среќко е незаборавен, бидејќи е лик, кој потекнува од народот, ги исмејува политичарите и секојдневниот живот, во кој многу се пронаоѓаат. Но му донел голема популарност, на која е горд.

Никој не му се налутил на Шојиќ. Тие знаат дека јас сум нивната лајт варијанта. Тие се многу свесни за тоа и затоа никогаш не се јавиле. Инаку познавам неколку политичари, од поранешната и оваа гарнитура што личат на Шојиќ. Па сите тие изникнаа од една гама од бивша Југославија. Затоа е потполно природно да метастазираат на ист начин. Јас не верувам дека во Словенија или Хрватска нема такви исти како што се овие во јужните републики на поранешната држава. Не е лесно да се излекува од вирусот, оној кој еднаш веќе владеел. Тие манипулации некако се природни во политиката. Иако политиката и курвањето немаат иста конотација.Тоа се две различни занимања. Исто како што соработка и колаборција се две работи. Ние сме луѓе кои патиме од замена на тезите. Па затоа често се претвораме во целосни издајници на својот народ, а си велиме дека сме кооперативни непријатели.

Во серијата „Бела Лаѓа“ Среќко Шојиќ зборува слично на кумановскиот дијалект. Како успевате толку оргинално да го симнете?

Имав среќа да го сретнам ѕидарот Тома, кој така се фрлаше со падежите и ги мешаше Ѓ и Ќ. Тоа ми беше многу симпатично уште кога бев дете, а сега гледам дека тоа е исто така симпатично и на публиката. Забележав дека овде луѓето зборуваат слично како Среќко Шојиќ. Знаете тоа наречје е мешавина од три јазика кои се многу слични и  модифицирани во условите во кои живееле луѓето.

Пред нашиот разговор слушнав како свирите клавир. Повеќе сакате класична музка или  кафеана?

Сакам кафана, но толку е инфлација на музиката, па почнав да ги ценат мртвите композитори. Повеќе неможе ни да гракне некоја врана, а тие да не испејат некој песна. Мислам дека во љубовта нема која тема не е обработена и до најтемните агли. Тоа силување на музиката го чувствувам како директен притисок. Во времето кога јас бев дете, водата беше бесплатна, а музиката се плаќаше. Денеска водата се плаќа, а музиката е бесплатна и репресивна. Не можете да купите чевли, а да не се одврне некоја музика, удира бас или се дере некој, па не можеш да се разбереш со продавачката. Затоа почнав да сакам кафани во кои има многу тивка музика, или воопшто ја нема. Моја омилена кафеана во Белград се вика „Ужице“, се наоѓа во близина на мојата куќа на Автокоманда.

Дали сте југоносталгичар?

Сепак таа комбинација на народи беше грда и неприродна. Но дел од сегашните држави, а тогашни републики имаа блиски врски, како што се Македонија, Србија, Црна Гора и дел од Босна. Можеби затоа што се браќа по вера, а она другото беше потполна и директна анахрона врска. Морам да признам дека во Скопје секогаш сум се чувствувал многу пријатно, како да сум дома и никогаш немало немало некој отпор према мене, што не било случај во Загреб. По војната два пати гостував таму, но пред војната можев да паркирам кај сакав, а сега мораа да ми ја чуваат колата додека да ја завршам претставата.

Ви годи ли големата популарност?

Секако дека ми годи. Јас целиот свој живот го посветив да бидам добар актер. Би било сосема парадоксално да си глумец, а кој никој да не те знае. Тоа е доказ дека не попусто сум го потрошил времето, инсистирајќи на квалитетот во она што го работам. Тоа е доказ дека јас тоа го работам добро.