Врската на тест: Продолжи или замини? Проверите во 6 чекори
Доколку не сте најсреќни во сегашната врска, а при помислата за раскунивање се присетувате на среќните мигови и се плашите да ставите точка на вашата врска. Можеби е време да ја проверите вашата врска според формулата на брачниот терапевт Беверли Стоун.
Доколку се прашувате дали вашиот партнер е оној вистинскиот или само налетал во вистинското време, проверете на што сте во шестте клучни чекори.
1.Бидните она што сте, а не што другите сакаат
Често не го кажувате она бидејки знаете дека на него/неа нема тоа да му се допаѓа. Тоа ги поткопува темелите на среќата и самодовербата. Доколку сакате да одкриете дали вашата врска има потенциал, пробајте со нов модел на однесување. Кажете што ве мачи. Доколку само вие се обидувате да ја подобрите врската, време е и од неа да си заминете.
2.Не се грижите за тоа што другите мислат
Без разлика на тоа што другите мислат или зборуваат, вие одлучувате за себе. Туѓото мислење може да се земе во обзир како занимливост.
3.Скротите ја „втората“ личност
Кога сте пред тешки одлуки во вас се борат два внатрешни гласа. Од една страна е самоуверен, позитивен, одлучен и спремен на ризик, а вториот е оној кој предупредува дека можеби ќе погрешите. Запишите ги сите позитивни и негативни мисли и полесно ќе донесете одлука.
4.Секогаш имате избор
Наместо „не можам“ пробајте со „не сакам“ и ќе сфатите дека имате избор. Кога се грижите за семејството нека не бидне само обврска туку нешто што го рабоитите затоа што го сакате, и ќе се чувствувате слободно а не како затвореник.
5. Живејте во чекор со вашите вредности
Не постои сосема точен точен или погрешен одговор на прашањето дали во врска треба да се отиде или остане. Важно е да се бидне тоа што сте. Не живејте според туѓите очекувања, ставови и желби. Исто така не го одлагајте решавањето на проблемот поради тоа што се плашите дека ќе погрешите.
6.Внимание, нема време за неодлучност
Можеби некогаш сте размислувале за тоа што би направиле кога би знаеле дека ви остануваат уште шест месеци од животот. Сигурно би ви било појасно што сакате. Животот е прекраток, затоа направите нешто да ја подобрите врската во која не сте задоволни или ако ви се чини дека ви нема помош, замените ја со нова.
