12. 02. 2018 21:25

Одличен настап на ракометарките во Лесковац

Одличен настап на ракометарките во Лесковац

Ракометарките на Куманово за време на викендот имаа успешни настапи во соседна Србија.

Избраничките на Јосимовски одиграа два натпревари и тоа во Лесковац и Врање, каде забележаа две убедливи победи. Во првиот натпревар во саботата во салата во Лесковац кумановки прикажаа одлична игра и го декласираа домашниот тим Дубочица со 34-21.

Во текот на целиот меч екипата на Куманово имаше постојано водство, кое во еден момент изнесуваше и 16 голови. Од првата минута гостинскиот состав ја презеде играта во свои раце и од минута во минута ја зголемуваше предноста. Првите 30 минути екипата на Куманово благодарејќи на подобрата игра ја заврши со предност од 19-5.

Во второто полувреме Куманово продолжи во ист ритам и без поголеми напори успеа да ја сочува големата предност, за да на крајот забележат убедлива победа.

По завршувањето на натпреварот малобројната публика со аплауз ги ракометарките и им оддаде признание за добриот настап.

Во екипата на Куманово сите ракометарки се претставија во одлично издание,а ги издвојуваме одличниот голман Наумоска со 13 интервенции, како и Боризовска, Ивановска и Трајковиќ со 5 голови, Костадиновска и Кипријановска погодија по 4 пати, а Пецанова и Пецевска постигнаа по 3 гола.

Во екипата на Дубочица на голот блескасе Милошевиќ со 13 одбрани, а со ефикасноста се истакнаа Манојловиќ со 8 и Костиќ со 5 голови.

Во неделниот натпревар Куманово се прикажа во уште подобро издание и славеше убедлива победа над Врање со 39-15( 22-5).

Во секој случај мини турнејата на ракометаките на Куманово во Србија се покажа како добар потег на управата, а екипата доби убава шанса да ги провери моменталните можности во пресрет на пролетниот дел на сезоната.

Викендов екипата повторно патува во Србија каде ќе зеде учество на силен турнир во Ниш, а на кој се очекува учество на неколку екипи од соседството.

Судејќи според игрите кои во моментот ги приказува екипата на Зоран Јосимовски, може да се надеваме на успешна пролет на младиот состав на Куманово.

Марјан Стошевски