website statistics
Се издава деловен простор 14 м2 на улица Ленинова бр. 46. Дополнителни информации на телефон: 070 696 227


22. 09. 2010 19:22

Ракометот и кошарката се враќаат на голема врата

Ракометот и кошарката се враќаат на голема врата

Сојузот на спортови на Куманово, Ракометниот сојуз на Македонија и Локалната самоуправа потпишаа протокол на соработка и се обврзаа несебично да го помагаат и промовираат спортот во градот.

Со помош на претседателот на Ракометниот сојуз на Македонија, Михајло Михајловски, ракометниот клуб Куманово има шанса да игра во суперлигата, а доби и неколку засилувања во клубот.

Се гордеам што најдовме начин и можност да бидете вклучени во суперлигата. Прв освојувач на купот во Македонија беше „Шевро“, еден од најдобрите во Македонија, па сега се надевам дека Куманово како најголема општина во Македонија ќе заживее како спортски град и ќе се натпреварува во најелитната конкуренција во Македонија. На Куманово му посакувам да направи здрав спортски колектив кој годинава ќе даде видливи резултати. Тој ќе биде нова надеж и иднината на македонскиот ракомет - рече  Михајловски.

Градоначалникот Зоран Дамјановски во името на своите граѓани и спортистите се заблагодари на укажаната доверба и вети дека локалната власт ќе даде се од себе ракометот повторно се врати на навивачите во градот.

Оваа година ќе учествуваме во Суперлигата во машкиот ракомет со една засилена постава од млади и талентирани играчи и се надеваме дека преку Сојузот на спортовите ќе успееме со логистичка и финансиска подршка клубот да ги даде очекуваните резултати. Се надевам дека протоколот е вовед во една долгорочна соработка помеѓу РК „Вардар“ од Скопје и РК „Куманов“ - вели градоначалникот Дамјановски.

Своето задоволство од идната соработка не го крие на претседателот на РК „Куманово“ Тодор Димков. Тој очекува по 15 години апстинирање, врвниот ракометен спорт да се врати на големи врата.

Сојузот на спортови заедно со Општината ќе даде свој придонес во развојот на спортот во градот, бидејќи покрај ракометот оваа година и кошаркарскиот клуб Куманово влегува во Супер лигата. Оваа година ќе биде успешна на полето на спортот и очекуваме сите кумановци што порано ја полнеа спортската сала повторно ќе се вратат во неа - рече Виктор Божиновски, претседател на Сојузот на спотрови.

Ракометот и кошарката се враќаат на голема врата
Црвен Крст