13. 02. 2018 09:10

Ќе се отвори првата детска градинка во Општина Старо Нагоричане

Ќе се отвори првата детска градинка во Општина Старо Нагоричане

  Новата градинка ќе биде сместена во адаптирани простории на училиштето во селото Младо Нагоричане, со капацитет од 25 дечиња

Општина Старо Нагоричане наредниот месец ќе ја добие првата детска градинка. Ќе биде отворена во селото Младо Нагоричане, а ќе функционира во состав градинската „Ангел Шајче“ од Куманово.

„Во тек е процедура за меѓуопштинска соработка, за преземање на една група од страна на Министерството за труд и социјална политика. Бидејќи една група на деца не може да функционира како правен субјект, додека да се отвори уште една група во општината Старо Нагоричене, ќе работи во состав на нашата детска градинка, - изјави директорката Марина Алексовска.

Градинката ќе биде сместена во адаптирани простории на основното училиште во селото Младо Нагоричане, со капацитет од 25 дечиња на возраст од 2 до 6 години. Храната ќе се дистрибуира од централната кујна на градинката во Куманово.

Сите родители кои се заинтересирани за упис на своите деца да се пријават во градинката „Ангел Шајче“ или во Општина Старо Нагоричане.