02. Aug 2011 09:15 Честитка од претседателот на Советот

 Во свое име, и во името на Советот на Општина Куманово, претседателот Виктор Цветковски на сите граѓани им го честита големиот празник Илинден.

Thumbnail

„Овој ден е длабоко врежан во свеста на македонскиот народ и граѓаните на Република Македонија, без разлика на националноста и верата, затоа што ја симболизира истрајноста за создавање на Република Македонија како независна држава. Крушевската Република и АСНОМ ни овозможија денес да ја славиме слободата и независнота на Република Македонија а наша обврска е сега да опстоиме на патот, и сите предизвици кон целта, Македонија да биде дел од европското семејство и со тоа да го завршиме одамна започнатото дело на нашите предци. Честит празник!

Честитка од претседателот на Советот