28. Dec 2011 12:08 Дедо Мраз ќе слета со падобран

 Утре напладне на Градскиот плоштад во Куманово ќе пристигне Дедо Мраз со падобран.

Thumbnail

Пречекот на Дедо Мраз ќе биде збогатен со приредаба, а за најмалите ќе бидат поделени подароци. Во програмата ќе учествуваат балетската група „МАК„ и деца учесници на детскиот фестивал „Детелинка„.

Организаторите ги повикуваат родителите да ги доведат нивните деца на новогодишната журка за најмалите.