11. Jan 2012 15:44 Џиновска пивтија за јубилејот

 Мултимедијалниот центар „Карпино„ се подготовува за одржување на десетата јубилејна „Пивтијада 2012„.

Thumbnail

 Оваа година ќе се прави џиновска пивтија од 10 метри квадратни. Манифестацијата ќе се одржи во ресторанот Грација, по повод големиот христијански празник Богојавление-Водица, на 19 јануари.

Приготвувањето-варењето на пивтиите ќе се изврши ден порано во дворот на Грација, кога ќе се предаде кумството.

  Денот ќе се одбележи со посен ручек за гостите, ќе следува и кратка музичка програма. Мултимедијалниот центар „Карпино„ ги афирмира традиционалните обичаи и организира натпреварување за избор на најдобра пивтија- велат од здружението.

Дел од пивтиите ќе се подарат во хуманитарни цели.