01. Feb 2012 12:20 Ги оставаат чешмите да течат за да не замрзне инсталацијата

 Во Куманово во последните два дена енормно  е зголемена потрошувачката на вода поради тоа што граѓаните ги оставаат чешмите да течат за да не им замрзне водоводната инсталација.

Thumbnail

Ова особено е изразено во домаќинствата во куќите, но и колективните стамбени згради, каде инсталацијата е на северната страна.  

Ниските температури предизвикаа дефекти и на главната водоводна мрежа, поради што одделени делови на градот останаа без вода. Екипи на ЈП „Водовод„ работата на отстранување на дефекти во  населбите Бабин Дол и Перо Чичо, а во Черкезе, Ајдучка Чешма, Пуковско, Карпош, како и делови на градот во високата зона.