22. Aug 2011 12:31 Голема Богородица и Бајрам неработни денови
Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно Законот за празниците на РМ 28 август 2011 година (недела), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица), е неработен ден за верниците од православната вероисповед во Република Македонија.
Исто така 30 август, вторник, кога се одбележува празникот првиот ден на Рамазан Бајрам, е неработен ден за граѓаните на Република Македонија.
Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на верниците им ги честита празниците.
