11. Jan 2012 16:42 Исчистени дел од патиштата до завеаните села

 Дел од патиштата во селата Арбанашко, Дејловец, Бајловце, Аљинце и Дренак што неколку дена беа завеани со снег се очистени, а дел сеуште се непроодни.

Thumbnail

Според информации од општината Старо Нагоричане, денеска екипи со механизација од нивната служба работеле на расчистување на снегот на патните правци Дејловце и Длабочица. Патот е затрупан со големи нананоси на снег и чистењето тешко оди. Исто така сеуште не е прооден и патот до селото Дренак, до манстирот Карпино. Таму ќе се работи и наредните денови. Патот до селото Арбанашко е ставен во функција и воспоставена е автобуска линија.