26. Jan 2012 11:05 Казни за газдите што имаат снег пред дуќаните
Иако снежната покривка во Куманово изнесува само неколку сантиметри, таа предизвика отежнато движењето на граѓаните.
Посебна предпазливост им се препорачува на пешаците, бидејќи тротоарите се се неисчистени од снег и се лизгави.
Надлежните ги потсетуваат граѓаните и сопствениците на дуќани дека законска обврска е да ги исчистат од снег јавните површини пред нивните деловни објекти и домовите.
Доколку снегот остане на тротоарот пред деловниот простор сопственикот ќе биде казнет од комуналната инспекција.
