18. Nov 2011 17:28 „Крсте Мисирков„ слави патронат

Основното училиште „Крсте Мисирков“ слави 63 години постоење и работа. По тој повод во училиштето се одржаа низа свечености, а денеска прославата се заокружи со прием, и доделување на награди на вработените и партнерите кои ја помагаат работата на училиштето.

Thumbnail

Во изминатата година напорно работевме за што сведочат безброј награди и признанија што ги добивавме на регионлано и републичко ниво. Најголема заслуга за тоа има наставниот кадар на училиштето. Традиционално и оваа учебна година се одржаа повеќе активности, спортски натпревари, поетско читање и саем на креативноста-вели директорот Александар Саздевски.

Директорот очекува во наредниот период да се подобри инфраструктурата во училиштето, професионален развој на наставниот кадар и поголем успех на учениците.

„Крсте Мисирков„ слави патронат