17. Jan 2012 15:01 Крстот ќе се фрла во црковните и градски базени

На одбележувањето на големиот православен празник Богојавление - Водици, традиционално во  двете цркви во градот ќе се организира фрлање на светиот крст во црковните базени, но и во градските базени.

Thumbnail

Во цркавата Св. Никола богослужбата ќе започне во 8 часот наутро, по што ќе следува лицитација на крстот. Најголемата понудена ќе му го донесе годинешното кумство на некој од верниците, а со тоа многу здравје, успех и благосостојба - велат од Св.Никола.

Богојавлескиот свет крст ќе се фрла во водите на базенот на црквата „Св.Никола“ пред голем број на верници. Оној што ќе го фати ќе добие подароци од црквата и од спонзорите кои секоја година ги наградуваат најхрабриот верник.

Фрлање на крстот ќе има и на базенот на ФЗЦ во населбата Проевце.