11. May 2010 16:00 Кумановка трета вешта жена во државата

Анета Илиќ од Куманово го освои трето место во вкупен пласман и признание за највкусно главно јадење на републучката манифестација "Вешта жена" што викендов се одржа во Тетово. На натпреварувањето учествувале победничките од 23 градови во државата.

Кумановка трета вешта жена во државата

Ова е мое прво учество на ваква престижна манифестацијаи  и драго ми е што сум дел од неа на 18 годишнината од постоењето на „Вешта жена“. Масата ми се викаше „Љубовна магија“ и беше посветена на сите оние што  љубовта им мотив во остварување на нивните цели. Мене љубовта ми е основен двигател во секој сегмент на животот, па и во кулинарството - вели победничката.

 Таа љубовта кон готвењето ја наследила од нејзината мајка, а поинтензивно почнала да готви откако се омажила. Како млада и модерна жена вели дека и причинува посебно задоволство и особено е горда кога самата ќе успее да подготви некое специфично јадење. Често експериментира, но најмногу ја сака традиционалната македонска кујна. Слабост и се солените јадења посебно мајонез салатите.

На манифестацијата победила претставничката на Битола, а на Македонска Каменица ја освоила втората награда.

Кумановка трета вешта жена во државата