30. Apr 2010 10:57 Министерот за здравство во Средорек
Министерот за здравство Бујар Османи, денеска напладне ќе го посети пунктот за теренска вакцинација во ромскската населба Средорек.
Вакцинација ќе се врши во поранешната месна заедница, кај пазарот во Средорек. Како што соопштуваат од ЗЗЗ Куманово, станува збор за вонредна вакцинација на децата Ромчиња во рамки на Европската недела на имунизацијата.
















