13. Apr 2012 15:42 Митрополитот Кирил ги посети црквите
Синоќа на Велики Четврток, во вечерните часови Митрополит Кирил ги посети црквите „Св.Петка„ во Бедиње, „Св. Тројца„ и „Св. Никола„ во Куманово.
При тоа зеде учество во читањето на 12 страдални Христови Евангелија, го изнесе Светиот Крст (распјатие) и се поклони пред него. Потоа на кратко им се обрати на присатните верници-известува отец Жико Тодоровски.












