06. Nov 2011 13:18 Муслиманите го слават Курбан Бајрам

Верниците од муслиманската вероисповед денеска го слават празникот Курбан Бајрам. Со утринската молитва почнува тридневна прослава, во која почитта кон Алах муслиманите ја искажуваат со колење курбан.

Thumbnail

Хуманизмот, хармоничните односи меѓу луѓето, меѓу човекот и светот и стремежот кон мир и благосостојба, како основни принципи на Исламот, на Бајрам се исполнуваат со посетување на роднините и пријателите и со честитки и добри желби за секој намерник. Со овој празник се крунисува аџилакот, кој важи за петти темел на исламот, кој е доказ за солидарност и благосостојба.