23. Nov 2011 12:29 Недела на грижа на стари лица

 Црвениот крст Куманово Неделата на грижа на стари лица (21 - 27 ноември) ќе ја одбележи  со низа активности кои ќе ги реализира во соработка со ЕВН.

Thumbnail

Целта за одбележување на Неделата на грижа на стари лица, чие мото годинава е „СЕКОЕ СТАРО ЛИЦЕ ИМА ПРАВО“, е да се подигне свеста на населението за правата на старите лица, како и за потребата од грижа и помош на старите лица.

Утре од 11 до 14 часот, на Граскиот плоштад ќе бидат поделени флаери со етички кодекс за помош и правата на старите лица.

Во рамки на одбележување на Неделата на грижа на стари лица ќе биде организирана и акција за бесплатно мерење на шеќер во крвта во Клубот на пензионери во Куманово утре во 10 часот и посета на Домот на старите лица „Зафир Сајто„.