06. Sep 2011 10:53 Организиран превоз за прославата во Скопје
Владата организира бесплатен превоз за граѓаните на Куманово, кои сакаат да присуствуваат на централната прослава на одбележувањето на 20 годишнината од независноста на Република Македонија.
Како што е објевено во медиумите, автобусите од Куманово за Скопје ќе тргнат во 16 часот од следниве локации: Спортска сала, Кланица, Кошеви, Соколана, Мартини, Мини маркет, Пожарна, населбите Долно Којнаре, бензинската Сателит во Карпош, основното училиште во „Перо Чичо„ поштата во Зелен Рид, населбата Јане Сандански, бензинската пумпа Роси-петрол, селата Пчиња, Табановце, Романовце, Режановце и Студена Вода.
