03. Feb 2012 12:52 Пајакот демне !

 „И да врне и да вее и бура да коси, пајак коли носи„- вака би можела да се препее детската песничка за работата на пајак службата во градот.

Thumbnail

 Овие денови кога температурите се ниски и снегот не е докрај исчистен по градските улици, вообичено возачите се паркираат каде ќе стигнат. Но службата за подигање на непрописно паркираните возила работи интензивно.

Така беше и утринава, кога еден наш сограѓанин го остваил своето возило на автобуската постројка, за да претрча до аптека.

Пајакот му ја подигна колата, но тој навреме реагиеаше и успеја да ги убеди полицајците да му ја вратат.

Затоа внимавајте каде паркирата, пајакот демне!