03. Oct 2011 14:28 Патување во Србија со лична карта

 Министерката за внатрешни Гордана Јанкулоска со српскиот министер Ивица Дачиќ денес ќе ја потпишат Спогодбата за условите за патување на државјаните на двете земји.

Thumbnail

Спогодбата ќе се потпише во рамки на Министерскиот форум за внатрешни работи и правда ЕУ-Западен Балкан што од денес се одржува во Охрид, а со која на македонските граѓани им се овозможува патување во Србија и премин на границите само со лична карта.

Освен со српскиот министер Дачиќ, предвидено е Јанкулоска да оствари средба и со еврокомесарот Сеселија Малстром и со директорот на Европол Роберт Веинрајт.