20. Jan 2012 14:43 Пивтии за децата со хендикеп
Мултимедијалниот Центар „Карпино„ во рамки на манифестацијата „Пивтијада„ вчера и денеска донираше пивтии на неколку институции и здруженија во градот. Денеска напладне беа однесени 50 тањири пивтии во Центарот за деца со интелектуална попреченост кај градинката „ЧИК„.
Вчера членовите на здружението донираа 100 тањири пивтии во црквата „Св. Ѓорѓи„ во селото Биљановце и 50 тањири пивтии на рибарското друштво Пчиња, кои традиционално секоја
година го одбележуваат овој празник Водици на кејот на реката Кумановка.
Организаторите на Пивтијадата се задоволни од годинешната, 10 по ред манифесатција, од нејзината посетеност и одзивот на гостите.
