14. Nov 2011 17:24 Побегнала од гинекологија без да плати

Ф.Д. (19) од Куманово во јуни годинава побегнала од Општа болница Куманово, за да не плати 1900 денари за лекување.

Thumbnail

 Девојката била примена со туѓа здравствена книшка на Гинеколошко-акушерско одделение со здравствени проблеми. Откако и била пружена здравствената услуга, таа искористила згодна прилика, без отпусна листа  и без да плати, избегала од одделението. Подоцна било утврдено дека се пријавила на туѓо име. СВР Куманово поднесе пријава за сторени кривични дела „измама“ и „злоупотреба на лични податоци“.