04. Jun 2010 16:14 Почна исплатата на мајските пензии
Пензионерите од денеска ќе можат да ги подигнат мајските пензии. Министерството за финансии и Фондот за пензиско и инвалидско осигурување информираат дека се уплатени пензиите за предходниот месец.
Од фондот соопштуваат дека во текот на денот биле префрлени 2 милијарди и 793 милиони денари за исплата на мајските пензии на 272.462 корисници.
















