15. Apr 2010 16:42 Почнаа подготовките за натпреварот по сообраќајна култура

 Традиционалниот натпревар по сообраќајна култура за основните и среди училишта ќе се одржи на 24 април.

Почнаа подготовките за натпреварот по сообраќајна култура

 Во пресрет на натпреварот денеска во училиштето „11 Октомври„ Оддлението за превенција при СВР Куманово одржа средба со професорите по техничко образование и им ги подели правлниците за организирање и споведување на натпреварите.

Подготвките се кон крај за реализирање на општинскиот, а потоа и на регионалниот натпревар. Оваа активност ја организираме со цел децата и младите да ја развијат свеста за безбедноста и нормите на однесување во сообраќајот. Учениците кои ќе победат во првата недела од месецот мај ќе заминат на регионален натпревар- инфомира Виолета Богдановска, начелник на Секторот за превениција при СВР Куманово.

Натперварот го реализира Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во соработка со полицијата и училиштата.

 Натпреварот за основците е насловен како Детски семафор, за средношколците Сообраќајно техничка култура на младите.