20. Jul 2010 14:47 Помалку пожари од лани
Територијалната противпожарна единица овој месец интервенирала на 25 пожари, од кои 18 на отворен простор. Оваа бројка е значително помала во однос на мината година во овој период од годината.
Оваа лето имавме повеќе врнежи од дожд, што беше предуслов за помалку интервенции. Нашите екипи се подготвени да одговарат на сите повици и да премвезме соодветни мерки за локализирање на пожарите. Знаете дека имаме две нови возила за гасење на пожари, од кои едното веќе го користвеме за гасење пожар во урбана средина-вели командирот Дејан Илиевски.
При настанатите пожари во кумановско во месецот јули била регистриана само помала материјална штета.
















