04. Oct 2011 16:42 Поправен индустрискиот вод

Денеска по 16 часот, пуштена е вода во индустрискиот цевковод до филтер станицата Куманово .

Thumbnail

 Како што информираат од водостопанство „Кумановско-липковско поле„, нивни екипи успејале да ги отстранат дефектите и да обезбедат нормален проток на водата. Со тоа количеството на вода е зголемено за 40 литри во секунда, со што се очекува да се нормализира водоснабдувањето во вечерните часови.