04. Sep 2010 17:53 Пуштени во употреба бесплатните интернет зони

Градоначалникот Зоран Дамјановски  синоќа го предаде во употреба бесплатните бежични интернет на Градскиот кеј, пред почетокот на музичката манифестација Урбан викенд.

Пуштени во употреба бесплатните интернет зони

Се надеваме дека со промовирањето на бесплатните интернет зони значителни ќе допринесеме за развивањето на информатичкото општество кај младите во градот. Во наредната година ќе настојуваме да се зголеми процентот на ваквите зони со што Куманово ќе стане град како многуте во Европа, кои имаат бесплатен пристап на интернетот - рече градоначалникот Дамјановски.

Бесплатни бежични интернет зони покрај на кејот ќе има и  на плоштадот и во зградата на поранешен Комитет.