05. Aug 2011 13:25 Шалтерите на ФЗОМ ќе работат еден час порано
Шалтерите на подрачните служби на Фондот за здравствено осигурување од денеска ќе работат од 07:30 часот.
Како што се наведува во соопштението, Фондот излезе во пресрет на осигурениците и направи измена на работното време поради избегнување на жешките летни температури.
Се надеваме дека на овој начин ќе се овозможи осигурениците побрзо и поефикасно да ги завршат своите обврски во ФЗОМ и ќе се спречи создавање редици поради пререгистрацијата на невработените лица, се наведува во соопштението од ФЗОМ.
