19. Dec 2011 10:16 Сообраќајот се одвива по влажни патишта

 Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата утринава се одвива без забрани, по претежно влажни коловози.

Thumbnail

Повнимателно возење  се препорачува на повисоките планински превои во западниот дел од државата Стража и Маврово, како и Ѓавато и Буково каде се забележуваат слаби врнежи од снег, кој не се задржува на коловозот. Почеста е појавата на поситни одрони низ клисурите и планинските превои, каде се препорачува крајно внимателно возење, прилагодена брзина на движење и одржување на потребното растојание помеѓу возилата.

Интензитетот на сообраќајот е умерен надвор од градските средини. Ги потсетуваме возачите дека од 15.11.2011 започна нивната законска обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, која ќе трае до 15.03.2012 година-соопштуваат од АМСМ.