28. Jan 2012 12:24 Ставревски ќе ги пречека ракометарите на Табановце
Вицепремиерот Зоран Ставрески ќе ги пречека ракометарите на граничниот премин Табановце.
Свечениот пречек на ракометните репрезентативци на Македонија кои го освоија петтото место на Европското првенство во Србија со што обезбедија квалификации за Олимписките игри ќе биде во 13 часот.
Покрај владината делегација на Табановце ќе заминат и голем број граѓани и навијачи од Куманово.
