22. Dec 2011 10:17 Стечајците во понеделник пеш до Скопје
Стечајните работници во понеделник ќе организираат „Марш на очајот„, и ќе заминат пеш во Скопје за да дадат подршка на пратениците кои ќе расправаат во Собранието за предлог-законот за стечајни работници.
Кога ќе се гласа предлог-законот на собраниска седница на тој ден ние ќе го организираме маршот. Не знаеме точно кога ќе се најде на дневен ред, но најверојатно во петок или понеделник. Информацијата ќе ја дознаеме од медиумите -вели Лилјана Георгиевска, претседателка на здружението „УНИТ„.
Од кумановски пратеник дознавме дека расправата за стечајците ќе се одржи во понеделник. Стечајците протестот ќе го пријават во надлежните институции и се надеваат дека нема да имаат проблеми да го реализираат.
