28. Nov 2011 13:28 Трибина „Подобро судство за подобра иднина“

Во Куманово  денеска се одржа трибина посветена на реформите во судството на која граѓаните и правниците имаа можност да се информираат за промените во Законот за парнична постапка и Законот на судски совет.

 
Thumbnail

На трибината беа презентирани измените на законите за судски совети и за парнична постапка со цел да се објаснат реформите во судството пред граѓаните.

 Реформите, почнувајќи од измените на уставните амандмани во 2005, Законот за судски совет од 2006 и ланските измени се во насока на државната стратегија за реформи во судството со единствена мотивација да се зајакне капацитетот на судството, а со тоа да се обезбеди повисок степен на професионалност, стручност во работата на судовите и да се врати разнишаната доверба на граѓаните и јавноста во судството, беше речено на трибината.

Трибини на тема реформи во македонското судство во рамките на кампањата „Подобро судство за подобра иднина“ следната недела ќе се одржат во Штип, Радовиш, Прилеп и во Струга, а ќе завршат со експертски Форум во Скопје.

Трибина „Подобро судство за подобра иднина“