03. Jan 2012 10:50 Учениците од денеска на зимски распуст

 Основците и средношколците ќе бидат на зимски распуст од денеска до 20 јануари, кога ќе се вратат во клупите за второто полугодие од 2011/2012.

Thumbnail

На крајот на оваа учебна година ќе биде спроведена само државната матура, зашто МОН и оваа година го одложи есктерното тестирање - проект со кој  треба да се оценува објективноста на наставниците преку проверка на знаењето на сите ученици во основно и во средно.

Одлагањето е поради електронскиот систем за спроведување на тестирањето кој е се уште во подготовка. Неговата функционалност ќе се провери на пробно екстерно тестирање.