12. Oct 2011 11:11 Училиштето „11 Октомври„ го прослави патрониот празник

 Со повеќе ученички активности, основното училиште „11 Октомври„ ќе го прослави патрониот празник.

Thumbnail

Во училиштето ќе бидат организирани спортски натпревари, ликовна колонија „Игри со буквите„, литературно читање на кои ќе присуствуваат писателите Стојан Тарапуза и Горјан Петревски.

Учениците подготвуваат и приредба по повод патрониот празник што ќе се одржи во Центарот за култура во петок.