18. Jan 2012 17:04 Утре ќе се фаќа Светиот крст

По повод големиот христијански празник Богојавление-Водици утре во базените на градските цркви Свети Никола, Света Тројца и Света Мина ќе се фрла Светиот крст.

Thumbnail

Во сите цркви ќе се служи свечена литургија по што ќе се осветуваат водите. Во цркавата Свети Никола и Света Ттојца, фрлањето на крстот ќе биде околу 9 часот, а во базенот на ФЗЦ во 10 часот.

Свештените лица ни кажаа дека нема однапред пријавување за фаќање на крстот, туку тоа можат да го сторат сите оние кои утре ќе пројават желба. За најсреќните ќе следуваат награди.