21. Dec 2011 08:52 Утре почнува зимата
Утре во 6:30 часот и календарски започнува зимата на северната хемисфера. Истовремено на јужната хемисфера почнува летото.
Најстуденото годишно време ќе трае до 20 март 2012 година, кога почнува пролетта.
Mетеоролозите најавуваат за новогодишните празници снег, па граѓаните ќе можат да уживаат во зимската идила.
