24. Aug 2011 15:50 Утре пожешко од денес

 Бремените жени и лица постари од 60 години утре и задутре да бидат ослободени од работа поради топлотниот бран кој ја зафати Македонија, препорачува Владата.

 
Thumbnail

Исто така и градежните работници во периодот од 11 до 16 часот да не работат на отворено.

Според информациите од Управата за хидрометеоролошки работи, утре времето ќе биде сончево и многу топло со темепратура од 33 до 40 степени, а задутре со темепратура од 32 до 38 степени.