01. Sep 2011 14:09 Во Старо Нагоричане успешен старт на учебната година
Околу 400 ученици од основните училишта денеска без проблеми ја започнаа учебната година во општината Старо Нагоричане. Наставата се организира во 3 централни основни училишта и 11 подрачни.
Градоначалникот Миодраг Јовановиќ во свое име, и во името на администрацијата им посака успешeн почеток образование на првачињата во основното училиште „Светозар Марковиќ„, како и на сите останати ученици.
Истовремено во Општината денеска започнала диструибуцијата на бесплатните учебници во училиштата.
