13. Jan 2012 16:15 Водици неработен ден за православните
19 Јануари, четврток, кога е празникот Богојавление-Водици, е неработен ден за верниците од православната вероисповед во Република Македонија, соопштуваат од Министерството за труд и социјална политика.
Министерството за труд и социјална политика на верниците од православната вероисповед во Република Македонија им го честита празникот Богојавление -Водици.
