12. Dec 2011 14:39 Водоснабдувањето нормализирано
Состојбата со водоснабдувањето на градот се нормализира, откако екипи на Електро Куманово, утринава го отстранија дефектот на пумпната станица во населбата Бедиње.
Од ЈП „Водовод„ ги информираат граѓаните дека пумпната станица е пуштена во работа, и дека во Филтер станицата се испорачуваат нормални количини на вода за потребите на граѓаните.
Повисоките зони на градот вчера останаа без вода, поради дефект на трафостаница, која ја снабдува станицата со електрична енергија.
