30. Jun 2010 12:28 Волонтерите на Црвен крст однесоа помош во „Порака„
Црвениот крст од Куманово додели 10 пакети со храна на корисниците од Регионалниот центар за лица со интелектуална попреченост „Порака„.
Помошта е во вредност од 7 000 денари и е дел од хуманитарната акција во центарот на градот за собирање на помош во Неделата на солидарност - вели Иле Миотковски секретар на општинската организација на Црвениот Крст Куманово.
Хуманоста на Црвениот крст е пример како треба да постапуваат и другите невладини организации, кога станува збор за лицата со интелектуална попреченост, смета претседателката Благица Димитровска, која упати благодарност до волонтерите за донесената помош.
Од Црвениот крст сметаат дека свеста за хуманост кај граѓаните од Куманово постојано се зголемува.
















