06. Jan 2012 13:08 Врнежи од дожд го зафатија градот
Обилни врнежи од дожд проследен со силен северен ветер претпладнево го зафатија Куманово.
Дождот на моменти преминуваше во снег, но снежна покривка има само на периферијата на градот. Според најавите на метеоролозите интензивни врнежи од снег се очекуваат и попладне.
Сообраќајот нив градските улици се одвива по влажни коловози.
