11. May 2010 15:50 Започна пролетното крпење на дупките
Пред неколку дена започна пролетната реконструкција и крпење на дупките на сообраќајниците во градот.
Започнавме во централното градско подрачје, бидејќи е најфрекфентно, а ќе продолжиме и на периферијата на градот. Планирано е да работиме и во вечерните часови за да се избегнат гужвите во сообраќајот - вели Момчило Јовановски помошниок раководител во Секторот за урбанизам.
Досега било интервенирано на булеварот „Трета МУБ„ улиците „11 Октомври“ „Народна револуција“, „Тоде Думба“ и други помали улици.
За оваа намена треба да се потрошат околу 6 милиони денари, а работите ги изведува фирмата „Хуљуси комерц“.
















