13. Sep 2011 15:45 Започна учебната година во музичкото училиште

 220 ученици се запишани оваа учебна година во нижото музичко училиште „Панче Пешев„. Учениците ќе ги изучувааат инструментите пијано, виолина, гитара, хармоника, клатинет, труба  и соло пеење.

Thumbnail

Очекуваме уште дваесетина ученици, кои веќе ја посетувале настават, а доцнат со уписот, а има место уште за 30 ученика. Првата година учениците учат солфеж, односнмо теорија, а од наредната година ќе бидат распоредени на инструменти- вели директорката Светлана Трајковска.

Најголем интерес кај учениците има за изучување на инструментите пијано и виолина, а потоа и за останатите жичани, како и за дувачките инструменти. Училиштето  располага со доволен број на стручен наставен кадар исто како и со потребните инструменти за изведување на наставата.


Започна учебната година во музичкото училиште