14. Sep 2011 14:21 Здружението на пензионери слави 65-ти роденден
Здружението на пензионерите Куманово утре ќе одржи Свечена седница по повод 65 години постоење и работа.
Седницата ќе се одржи во Младинскиот културен центар „Козјак„, а свое обраќање ќе има претседателот на здружениоето. При тоа ќе се доделат и благодарници на истакнати членови и активисти на здружението. Ќе следува и богата културно-уметничка програма.
Почетокот е закажан во 10 часот.
